Расте бројот на граѓани кои поради пандемијата немаат храна
Од 30 до 50 проценти се зголемил бројот на повици од граѓани кои бараат да им се обезбеди бесплатен оброк, како последица од кризатата поради коронавирусот, велат од граѓанската организација „Ајде Македонија“. Од таму додаваат и дека за жал, дури и оние граѓани кои претходно биле донатори на храна, сега се јавуваат како баратели на помош.
Поради тоа аплелираат, сите оние кои имаат вишок производи, да ги донираат. Според информациите на „Ајде Македонија“, во земјава гладуваат околу 15 000 луѓе, но од организацијата стравуваат дека оваа статистика е многу поголема. Освен тој бројките покажуваат и дека земјава годишно фрла минимум 100 000 тони храна, а ова е последица поради немањето соодветен механизам, како таа храна наместо во контејнер да заврши во рацете на оние на кои им е најпотреба.
Елена Милошевска
Ново на Сител
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
-

НБА: Лејкерс закажа полуфиналната пресметка со Оклахома
-

Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала
