Од денеска за влез во Австрија е потребен задолжителен ПЦР тест
Во Австрија на полноќ стапија во сила новите мерки за влез во земјата од таканаречените ризични региони, во кои спаѓаат и сите земји од Западен Балкан.
За граѓаните на Австрија, ЕУ, Европската економска заедница, Швајцарија, како и сите државјани на трети земји кои живеат во Австрија, кога се враќаат од регионите со ризик, според указот на Министерството за здравство, новите мерки значат дека тие мора да покажат негативен ПЦР тест на границата, не постар од три дена.
Доколку немаат ПЦР тест при влезот, тие мора да одат во самоизолација, што може да се прекине со таков ПЦР тест, доколку се направи во Австрија во рок од 48 часа, на сопствен трошок.
Доколку ПЦР тестот не се направи во рок од 48 часа на лицето ќе му се изрече парична казна до 1.450 евра.
Задолжителен карантин, дури и во случај на негативен ПЦР тест, е предвиден само за државјани на трети земји кои не живеат во Австрија, кои, меѓутоа, и натаму не можат да влезат во Австрија без „валидна причина“.
Уредбата, исто така, го намали времетраењето на самоизолацијата, од претходните 14 на 10 дена, а државјаните на трети земји не можат да ја прекинат самоизолацијата дури и со ново тестирање во Австрија.
Посебно правило важи за дипломатите, сезонските работници и негувателки од трети земји, а тоа е дека тие мора да покажат негативен ПЦР тест и да одат во десетдневен карантин, што може да го напуштат само по нов тест направен во Австрија, се разбира доколку е негативен.
Транзит низ Австрија без запирање е можен, според уредбата, без никакви ограничувања.
Ново на Сител
-

РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд
-

Кафе-дебата „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка и Лазарополе, најтопло во Скопје - Петровец
-

Чествување на св. Кирил во Рим, државно-црковната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Гаши
-

Без струја дел од корисниците во Ѓорче Петров
-

Сообраќајка ноќеска на скопска обиколница, камион преминал во спротивна лента, четири лица загинаа
-

Свеченост на УКИМ за 77 години од основањето и патрониот празник- 24 мај
-

Американските конгресмени повторно предлагаат трајно воведување на летното сметање на времето
