Реакции во Грција за првата молитва во Света Софија

Првата молитва во Света Софија, во Истанбул, што се одржа во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, предизвика реакции во Грција, како од власта и опозицијата, така и од медиумите.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата видео порака до граѓаните по повод 46-годишнината од враќањето на демократија во Грција, се осврна и на односите со Турција, коментирајќи дека со постапки како што е претворањето на Света Софија во џамија „ја навредува културата а 21-от век“.
-Сето она што денеска се случува во Истанбул, не е манифестирање моќ, туку доказ на слабост. Јасно е дека она што се случува нема моќ да го засени сјајот на еден споменик од светското наследство. Но, оцрнети се универзалните вредности. Затоа потребна е и универзална осуда, порача грчкиот Премиер.
За универзален културен карактер кој Грција, преку меѓународна кампања треба да го одбрани, говори портпаролот на СИРИЗА, Алексис Харицис, и вели дека денешната свеченост во Света Софија и тоа на годишнината од Лозанскиот договор е „националистичка провокација со длабоки елементи на авторитаризам“.
– Света Софија им припаѓа на сите и требаше да остане симбол на верските слободи, сјајно обележје на соживотот и дијалогот против логиката на верската конкуренција или конфликтот на културите, вели Харицис во писмената изјава.
Денешното и официјално претворање на Света Софија од споменик во џамија и манифестацијата во Истанбул е една од главните теми во грчките медиуми.
Дел од телевизиите се вклучија во живо од Истанбул во моментите кога Ердоган пристигна во Света Софија, а коментарите на новинарите се дека станува збор за „провокација од Турција“, за „тажен и црн ден за христијанството“, за „сквернавење на споменик од светското културно наследство“ и сл.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
