Пецас за собирот на навивачите на Олимпијакос: Се надеваме дека е последен пат што гледаме такво нешто

Треба да нѐ загрижуваат таквите појави, се надеваме дека е последен пат што се случува такво нешто, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, коментирајќи ја прославата на навивачите на Олимпијакос пред стадионот, каде што беше поставен видео бим и не се почитува мерките за заштита од Ковид-19.
-Тоа не е сликата што сакаме да ја гледаме. Во сите случаи во минатото кога гледавме дека има гужви, ги осудивме таквите појави. Затоа и донесовме мерки за ограничување на таков вид настани, а со последната наша одлука ги забранивме панаѓурите. Тоа не е сликата што сакаме да ја дадеме и ова е едно прашање што треба да нѐ загрижува за иднината. Се надеваме дека е последен пат што се случува ова, рече Пецас на денешниот брифинг со новинарите.
Фудбалскиот клуб Олимпијакос преку победата над АЕК вчера и официјално стана шампион во Грција, а додека натпреварот се одигрa без публика, навивачите се собраа пред стадионот и ја славеа титулата, при тоа, во ниту еден момент, според објавените видеа и фотографии, никој од присутните не ги почитуваше мерките за заштита од Ковид-19, а во делот пред стадионот, каде што беше поставен видео бим, славењето почна пред крајот на натпреварот и кулминираше со пиротехнички материјали.
Идентична беше сликата и низ улиците на Пиреас, каде што фудбалерите од двокатен автобус ги поздравија насобраните навивачи.
Ново на Сител
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
