Лешај: Фронталната ангажираност на полицијата услови канабисот да биде алтернатива без иднина

Албанскиот министер за внатрешни работи, Сандер Лешај изјави дека фронталната војна против канабисот до темел ги уништила сите насади со канабис во земјата, од нарко центарот Лазарат, па се до најстрмните планински предели.
Според него, фронталната ангажираност на полицијата и другите државни институции направиле канабисот во Албанија да биде алтернатива без иднина.
– Во 2019 година, на италијанскиот брег беше запленета најниската историска количина канабис. Сите показатели за нивото на безбедност во земјата и резултатите во борбата против криминалот, вклучително и канабисот, се на најдобро историско ниво. Ништо не може да се спореди со времето кога со земјата владееше лазаратопатија, рече тој.
Неговата реакција доаѓа по обвинувањата на опозициската Демократска партија за зголеменото производство на марихуана во земјата, при што објавува и фотографии од парцели со ова наркотично растение во планинските предели од неколку места во земјата, а така е, обвинува, низ целата територија на земјата.
– Фотографиите не се само фијаско од аспект на информирање, туку и уште една потврда дека ДП не е заинтересирана за вистината, туку за дезинформирање на јавноста. Кога Демократската партија зборува за канабис, дефиницијата за лицемерие станува самата ПД. Гордите основачи и бескрупулозните корисници на европската престолнина на канабисот, Лазарат, најмалку имаат право да покажуваат со прст кон некој друг, рече Лешај.
Споредбата на сегашната состојба со времето на владата на ПД, продолжи Лешај, има толку големи разлики што самата споредба личи на злоупотреба.
Опозициските демократи обвинуваат дека „целата територија на земјата мириса на марихуана“.
– Албанија веќе две години е целосно засадена со дрога, но полицијата се прави дека не гледа, дека слуша, за да не ги вознемири наркобосовите кои се во партнерство со владата, обвини опозицијата.
И во деновиве објавениот извештај на Италијанскиот сектор за борба против мафијата Албанија се посочува како светски производител на марихуана.
Ново на Сител
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
