Во сред пандемија со по 200 заболени во Струмица стотици на журка во ноќен клуб
Забраната за работа на ноќните клубови се уште трае во државата, но и покрај тоа ова во Струмица не важи. Во овој град, во клубот „Аватар“ два дена по ред се одржуваат забави со гужви, турканици и неконтролиран влез на гости. Забавите се со музика во живо, а настапуваат популарни артисти од земјава. Пазарниот инспекторат во петокот направил контрола веќе поднел кривична пријава за клубот „Аватар“, потврдуваат оттаму за А1он.
Но, и покрај тоа, клубот не престанал со работа туку одржал и втора забава со друг пејач. На вчерашната забава која се случила во период кога во нашата држава беа дијагностицирани рекордни 240 лица заболени со коронавирус за едно деноноќие, настапил пејачот Ѓоко Јовиќ.
Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, за „А1он“ вели дека петочната забава ја прекинале после 1 часот и ќе поднесат кривична пријава, а за тоа дали клубот е контролиран и вчера, не знаел, требал да провери. Тој додава дека совеста и одговорноста на граѓаните е на ниско ниво.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје