Дивите патеки преку Беласица - нова балканска рута за мигрантите низ Македонија
Мигрантите повторно стануваат секојдневна тема. Речиси и да нема ден, а во полициските билтени да не биде забележан нов случај за илегален премин на границата или обид за криумчарење мигранти. Во просек на дневна основа полицијата открива по стотина мигранти.За разлика од порано кога на македонска територија најчесто влегуваа преку дивите премини во гевгелиско, сега нивната главна рута води низ планината Беласица каде доаѓаат од кампот Муриес во Грција. Последниот случај на криумчарење мигранти беше откриен синоќа во близина на селото Давидово. На еден час пред полноќ во Цитроен Корса со српски регистарски ознаки управуван од жител на Врање пронајдени се 12 мигранти од Сирија.
Во последниот период се поголем е и бројот на сообраќајни несреќи во кои учествуваат возила со мигранти.
Поради зголемената илегална миграција министерството за внатрешни работи најави засилување на регионалниот центар Исток со дополнителен број на полициски службеници , а се договара и трансфер на дел полицајците од странските контингенти на овој дел од границата. Минатата недела министерот Чулев најави дека ќе побара зголемување и на бројот на припадниците на АРМ на ова гранично подрачје. Во моментов нема официјална информација дали ваквото барање веќе е доставено и каков е одговорот за истото. Од АРМ велат дека тие не одлучуваат за ова, но информираа дека имаат повеќе оперативни планови кои во случај на одлука од страна на надлежните структури ќе ги реализираат на соодветен начин.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар