Македонија
17. July 2020 - 16:48

Две кривични за лидерот на Левица за статуси на фејсбук, Апасиев ќе возврати со пријави

Поради фејсбук статус обвинителтвото отвори предмет за лидерот на Левица. Најверојатно се работи за објавата на Апасиев кој  по изборите напиша „Џабе ни се лижете сите ќе ве стреламе“ но од обвинителството нема потврда. Оттаму соопштија  дека го повикале на распит а предметот е отворен по пристигнато известување од секторот за компјутерски криминал во МВР. Против Апасиев се поднесени и две кривични пријави за различни статуси на социјалните мрежи.

„ОЈО по оформување на предметот, издаде наредби за електронско документирање на сите спорни статуси од социјалните мрежи кои ги објавил пријавениот.  Истовремено за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани Хелсиншки комитет за човекови права и две физички лица, а се однесуваат на друг статус објавен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.

За контроверзниот статус Апасиев вели дека нема основи на кривично дело. За Сител вели дека покана за распит се уште не добил но ќе одговори со контра пријава.

За сега вели ниту една политичка партија не му се обратила за коалицирање но и натаму  е дециден дека нема да преговара со СДСМ и Заев. Апасиев не се согласува со одредени услови на албанските партии.

Левица е единствената вонпарламентарна партија која освои две пратенички места на овие избори.  Апасиев најави приговори  до ДИК бидејќи според резултатите тие требало да добијат уште две места во парламентот и обвини за кражба на гласови. Со своите изјави и статуси предизвика осуди и реакции од  неговите поранешни сопартијци и  од СДСМ.