Изработен прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што сè спаѓа во домашни производи
Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на КОВИД-19 кризата, домашната платежна картичка е наменета исклучиво за македонски производи и услуги, додека повратот на ДДВ преку МојДДВ за македонски производи е покачен од 15 на 20 проценти. За да се информира јавноста што сè спаѓа под „македонски производи“, Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со 16 често поставувани прашања.
Документот, како што соопшти Министерството, е изготвен заедно со Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Организацијата за заштита на потрошувачи, Царинска управа и УЈП.
– За целите на купување со домашната платежна картичка, производ може да се смета како домашен – македонски производ, доколку се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун, се вели во соопштението.
За целите на искажување на прометот од македонските производи во фискалните сметки, посочуваат од МФ, производот може да се смета како домашен-македонски производ, доколку на неговата декларација, согласно Законот за заштита на потрошувачите, е наведено дека е произведен на територијата на земјава.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка