Црна Гора го отвори последното поглавје со ЕУ
Црна Гора денеска, на Меѓувладината конференција во Брисел, го отвори осмото, последно поглавје во преговорите со Европската унија.
Поглавјето што денеска е отворено ја опфаќа заштитата на конкуренцијата и државната помош, а преговорите во тоа поглавје имаат за цел ефикасно спроведување на политика за заштита на конкуренцијата, која придонесува за подобрување на економијата, развој и раст на компаниите, инвестиции во истражување и развој на нови производи, привлекување нови инвестиции, зголемување на производството и извозот, пренесува РТЦГ.
Во име на Црна Гора, на конференцијата учествуваше шефот на Мисијата на Црна Гора во ЕУ, амбасадорот Бојан Шаркиќ, а во име на ЕУ, Ирена Андраши, постојан претставник на Хрватска во ЕУ и Кристијан Даниелсон, генерален директор за европска соседска политика и преговори за пристапување.
Црна Гора ги отвори преговорите за членство во ЕУ пред осум години и досега ги отвори сите поглавја, а привремено ги затвори преговарачките поглавја 25 – наука и истражување, 26 – образование и култура и 30 – надворешни односи.
Ново на Сител
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение