Во Полска се одржуваат претседателски избори

Во Полска се одржуваат претседателски избори, што се сметаат за тест за сегашниот шеф на државата, Анджеј Дуда и владејачката конзервативна Партија на правото и правдата.
Единаесет кандидати учествуваат на изборите, а резултатите се очекуваат в среда. Ако ниту еден кандидат не добие повеќе од 50 проценти од гласовите, вториот круг ќе се одржи на 12 јули.
Дуда вети дека доколку победи за втор мандат, ќе работи на зголемување на животниот стандард на Полјаците на ниво на Западна Европа и зачувување на традиционалните вредности.
Најголем ривал на Дуда е градоначалникот на Варшава, Рафал Трзасковски, кандидат на опозициската центристичка проевропска Граѓанска платформа, кој смета дека изборите се можност за обнова на уставните норми и за подобрување на односите со ЕУ.
Според последните анкети, Дуда (48) има поддршка од 40 проценти од гласачите, додека Трзасковски (48) е поддржан од помалку од 30 проценти од граѓаните.
Политичко ново лице на изборите е независниот кандидат, новинар и ТВ личност Симон Холоуни, кој привлече ентузијасти и ќе освои, според анкетите, околу 10 проценти од гласовите.
Претседателските избори беа закажани за 10 мај, но беа одложени на 28 јуни поради епидемијата на коронавирусот.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
