-->
-->
ПССЕ го поздрави политичкиот договор во Македонија
-->

Лиза Кристоферсен од Норвешка (социјалистичка група) и Валериу Гилечи (од Република Молдавија, ЕПП / ЦД), двајцата ко-известители за пост-мониторинг дијалог со Република Македонија при Парламентарното Собрание на Советот на Европа, го поздравија договорот постигнат денеска од страна на водечките политички партии во земјата, пренесува дописникот на МИА.
- Овој договор е значаен чекор кон крајот на политичката криза, вклучувајќи го и бојкотот на Парламентот од страна на најголемата опозициска партија што го попречи процесот на доброто функционирање на демократските институции по последните парламентарни избори во април 2014 година. Ние им честитаме на сите страни за постигнатиот политички компромис, како и на комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, и на членовите на Европскиот парламент за олеснувањето на овој процес, велат новоназначените известувачи за Македонија при ПССЕ.
Тие воедно упатија повик за спроведување на овој договор.
- Ние сега ги повикуваме сите политички лидери да го спроведат овој договор со добра волја, да покажат политичка зрелост во интерес на нивните граѓани, и да гарнтираат дека планираните избори за 24 април 2016 ќе бидат добро подготвени. Назначување на специјален обвинител, во согласност со сите партии, за да спроведе истрага за нелегално снимените разговори, исто така ќе помогне во обновата на довербата во оваа институција, додаваат тие.

Тие се уверени дека овој договор може да и помогне на земјата да се справи со системските проблеми.
- Ние веруваме дека овој договор може да и помогне на земјата да се справи со системските проблеми кои треба темелно да бидат испитани, вклучувајќи ги и изборните реформи, правилното функционирање на владеењето на правото и независноста на судството, слободата на медиумите и деполитизација на јавната администрација, како што се бара од страна на Парламентарното собрание во претходните резолуции и изјави. Во овој поглед, нашето Собрание (ПССЕ) е на целосно располагање на властите за да им ја даде сета потребна помош, стои во соопштението на ПССЕ.

Ново на Сител
-

Тошковски најави мобилни камери и контроли на сообраќајните црни точки низ државата
-

Финска нуди бесплатно патување на 16 мажи и жени од целиот свет со сите платени трошоци и состанок на слепо
-

„Лајка“ со зголемен обем на работа, 52 отсто повеќе заловени кучиња во првите десет месеци од годината
-

Бугарија: Најмалку 11 загинати и десетици повредени во верижните сообраќајки со над 70 возила
-

Откриени повеќе од 20.000 профили на TикТок поврзани со педофилија во Шпанија
-

Унгарскиот премиер потврди дека братот на Виктор Орбан е приведен
-

Нема повредени лица при запалените куќи на Бит-пазар, велат од ЦУК
-

Трагедија во Бугарија: Најмалку петмина загинати во верижен судир на 50 возила поради густа магла