Силување во кичевско и обид за полов напад во тетовско

Жител на кичевското село Брждани со закана и употреба на физичка сила двапати сулувал жена, еднаш во неговиот „голф“ во атарот на селото Видрани, а вториот пат во неговата куќа.
Од МВР соопштија дека полицијата поднела кривична пријава против Т.Ј.(39) од с.Брждани-кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.
-На 8 јуни 2020 во село Брждани, пријавениот со употреба на физичка сила и закана по нејзиниот живот, извршил обљуба врз оштетената при што насилно ја внел во неговото патничко возило „голф“, потоа ја однел во атарот на село Видрани и извршил полови дејствија, по што повторно со истото возило ја однел во неговата куќа каде исто така со употреба на физичка сила и сериозни закани извршил полови дејствија.
Денешниот билтен на МВР бележи и обид за силување во тетовско, каде двајца пријатели од село Теарце додека се возеле низ селото ја повикале жртвата која подоцна ја однеле во селото Варвара и едниот од нив се обидел да ја сулуваат.
-СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Н. (21) од Теарце – Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. На 9 јуни годинава пријавениот во два наврата се обидел да изврши полови дејствија над оштетената од Теарце – Тетово. Имено заедно со неговиот пријател Б.Т.(25) од истото село, додека движејќи се со патничко возило „опел корса“ управувано од Б.Т., пријавениот телефонски ја повикал да дојде во близина на спортска обложувалница, а кога пристигнала пријавениот ја убедил да влезе во возилото и сите тројца се упатиле кон Варвара. Кога пристигнале во Варвара тројцата излегле од возилото и пријавениот со Б.Т. се обиделе да извршат полови дејствија, по што оштетената успеала да ги оттурне од себе. Потоа сите тројца влегле во возилото кое го управувал Б.Т. и се упатиле во правец кон с.Теарце–тетовско, при што пријавениот повторно се обидел да изврши полови дејствија над неа и физички ја нападнал, но не успеал во намерата, се наведува со полициското соопштение.
Насилниците кога пристигнале пред спортската обложувалница, насилно ја извадиле надвор од возилото, а пријавениот и упатил закани дека ќе објави нејзини слики на интернет, доколку раскаже на некој за настанот.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
