НЛБ Банка ќе изготви Домашна платежна картичка за 113.000 граѓани, доставата до домашна адреса
Сто и 13 илјади граѓани кои ќе добијат Домашна платежна картица од НЛБ Банка ќе им биде доставена на домашна адреса на корисникот најдоцна до 18- ти следниот месец.
-Сите клиенти кои се распределени во НЛБ Банка за изработка на картички ќе добијат порака од Банката, а со цел точна и навремена достава до нивните домови, треба да ги внесат своите податоци преку веб страницата на Банката на линкот: https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx каде може да ги добијат и сите дополнителни информации во врска со картичката, информираат од Банката.
Од Банката наведуваат дека согласно Уредбата на Владата на Република Северна Македонија за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници, НЛБ Банка започнува со процесот на издавање на домашните платежни картички за оваа намена. Банката ќе ја поддржи оваа иницијатива преку издавање 113.000 картички во периодот до 18 јули 2020 година.
-Како Банка што се грижи за своите клиенти, платежните картички ќе ги доставуваме лично на домашна адреса на корисниците . Ваквата услуга е со цел да обезбедиме позитивно корисничко искуство кое е во фокусот на нашето работење, како и да се избегнат гужвите во експозитурите, во услови на пандемија и заштита на здравјето на нашите вработени и клиенти, велат од Банката.
За сите информации во врска со домашната платежна картичка издадена од НЛБ Банка, засегнатите граѓани можат да ја посетат официјалната веб страница www.nlb.mk, да сe обратат на телефонскиот број 02/ 15 600 или e-mail: info@nlb.mk, или директно да ги контактираат преку каналите за комуникација на нивните социјални мрежи.
Корисниците што ќе ги добијат картичките преку НЛБ Банка ќе можат да ги следат сите свои реализирани трансакции и да имаат увид во состојбата на нивната картичка преку НЛБ мКлик мобилното банкарство кое може да го преземат и користат без дополнителни трошоци и надоместоци.
Во процесот на издавање на Домашната платежна картичка покрај НЛБ банка учествуваат уште осум банки.
Ново на Сител
-
1711 сообраќајни прекршоци изминатиов викенд, најмногу за брзо возење
-
Малолетник од Куманово затекнат при обид да запали кабли
-
Ирска: Започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња
-
Мицкоски: Не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, а не на партиски книшки
-
Тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол се приведени
-
Најмалку 37 загинати во вооружени судири меѓу Друзи и бедуини во сирискиот град Сведа
-
Зголемен бројот на странски турсити, намален на домашните
-
Синер: Титулата на Вимблдон е остварување на сонот