ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособноста и несериозноста на Заев и Македонија е црна точка во Европа во справување со пандемијата
Секој ден бележиме трицифрена бројка на новозаразени, а Филипче и Заев глумат нормалност.
Вчерашната бројка од 111 новозаразени само уште еднаш ја потврди неспособноста на Филипче и СДСМ.
Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува енормни 3.025 од кои активни случаи се 1.226, а Филипче лаже дека пандемијата е намалена. Бројката од 153 смртни случаи алармира дека ништо не е во ред.
Опасната неспособност на владата на Заев, Спасовски и површноста на Филипче не доведе до катастрофални резултати.
„Форбс“ ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на корона вирусот, а Македонија воопшто не е на листата. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија.
Освен отсуството на реални чекори за справување со кризата од пандемијата од Ковид-19 се случува и вистински хаос со тестирањето на новозаразени.
Постои сомнеж дека Комисијата за заразни болести и Венко Филипче манипулираат со бројот на новозаразени. Доволен доказ за тоа беа случаите пред неколку дена за градовите Штип и Велес каде што Филипче се обиде да сокрие 15 новозаболени.
Се говори за една интерна одлука, а тоа е оние кои се асимптоматични заразени, кои дошле во допир со заразени да не се тестираат. Таа бројка се говори дека воопшто не е мала, туку над 200. Ако е точно, тоа е потенцијално уште една експлозија на над 200 кластери кои ќе заразат уште повеќе.
Сево ова говори како Филипче и Заев не се грижат за здравјето на граѓаните. единствено за што се грижат се изборите и нивните фотелји.
Со СДСМ на власт единствено добивме хибриден режим, сиромаштија и корупција.
Ново на Сител
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
-

Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
-

Бензините и дизелот остануваат со исти цени, поскапува само мазутот
-

ДЗС: Чекор напред - со меѓународната соработка кон посилни институции и побезбедна иднина и при заштита и спасување при катастрофи
