Двајца доктори сопружници од „Систина“ позитивни на КОВИД-19

Двајца доктори кои воедно се и брачни сопружници и работат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се позитивни на КОВИД-19. Едниот од нив немал никаков контакт со пациенти, додека другиот имал минимален контакт со пациенти.
– Пред три дена во вторник на 2.6.2020 беа изолирани двајца доктори, кои воедно се и брачни содружници, од КБ Аџибадем Систина а кои беа суспектни на вирусот Ковид-19. По направените ПЦР тестови, се потврди позитивен резултат кај двајцата доктори, информираа денеска од болницата.
Утврдени и контактирани се сите луѓе со кои овие лица биле во контакт и на нив веќе им е извршено тестирање и резултатите кај сите нив до сега се негативни.
Болницата, како што се наведува во соопштението, продолжува да работи со полн капацитет со преземање на сите максимални мерки за заштита на вработените и пациентите и по сите утврдени безбедносни протоколи кои се усогласени со одлуките и мерките за заштита кои ги презема и здравствениот гигант ,,Аџибадем’’ од Турција.
Ново на Сител
-

Кривична за вработен во банка во Гевгелија, од сметки на двајца корисници присвоил околу 5 милиони денари и над 63 илјади евра
-

Франција воведе право за асистирано умирање
-

Фајненшл тајмс: Иран размислува за напади врз американски цели во Европа во случај на понатамошна ескалација
-

Извршени 427 увиди на објекти погодени од пожарите во Грција – повеќе од половина несоодветни за употреба
-

Трамп привремено го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредена стока од Канада
-

Двајца турски државјани со закани присилувале гостиварци на финансиски дејствија на сопствена штета
-

Се подобрува состојбата со пожарите во Албанија
-

Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите
