-->
-->
Македонски претсавници на симпозиум на тема „Културата и одржливиот развој“ во Софија
-->
„Културата и одржливиот развој“ беше тема на меѓународниот симпозиум што се одржа во изминатите два дена во Софија, а на кој учествуваа претставници од Македонија, Хрватска, Србија, БиХ, Грција, Грузија, Молдавија, Романија и Косово.
Симпозиумот се одржа како регионален проект за перспективите на соработката на полето на културата меѓу земјите од ЈИЕ, а домаќин беше Министерството за култура на Република Бугарија.
Македонија ја претставија Васко Шутаров директор на Културно-информативен Центар на Македонија во Софија и Кристина Бисева советник во Управата за заштита на културното наследство на РМ.
Главни теми на симпозиумот беа поврзани со перспективите за соработка подржани од европските програми, како и регионалните иницијативи и структурните фондови, како подршка на културата во функција на севкупниот одржлив развој. Посебни тематски панели беа посветени на културниот туризам, културниот менаџмент и програмите на "Креативна Европа".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 3 лица
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време
-
МВР со детали за верижната сообраќајка на Скопска обиколница
-
Спасени три питбули и дорбеман користени за борби на кучиња во Врапчиште
-
Во Словенија утре Ден на жалост поради загинувањето на тројцата рудари
-
Магла во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица