Патот на оружјето од последната војна во СФРЈ

Вечерње новости - Белград
Автоматските пушки, зависно од состојбата и од моделот и натаму можат да се купат „на црно‟ по цена од 300 до 500 евра, сведочат истражните органи за „Вечерње новости‟.
Според наводите на соговорниците на „Вечерње новости‟, главно се работи за оружје кое „преостанало од изминатите војни на тлото на поранешна СФРЈ‟.
Според нив, тие кои биле подобрно позиционирани во разни воени единици или на кој било начин влијаеле на нив, имаат подобро зачувани модели на оружје.
- Имаше случаи во изминатите години, шверцот да се врши преку мостовите на Дрина. Извесен Мујо О. од Зворник така мислел дека може да шверцува оружје, затоа што, покрај државјанство на БиХ, поседува и пасош од една западна земја. Завршил во затвор, но само шест месеци, вели еден од упатените во истрагата околу шверцот на оружје со кратки и долги цевки.
Неодамна во едно село кај Лозница, кај повеќе земјоделци кои никогаш немале проблеми со законот, најден е вистински арсенал – три автоматски пушки, два карабини, пиштол и муниција. Случајот е откриен со оперативна работа на еден од полициските командири во Лознице.
- Пред војната, на пример во БиХ, луѓето биле заплашувани по селата, но и богатите во градовите, па или продавале крава за автоматска пушка или давале стока и готови пари да дојдат до оружје. Тоа беше пред војната, кога на левиот брег на Дрина веќе се чувствуваше мирисот на барутот, потсетуваат тие.
За сите тие години јасно е дека се разработени канали за илегална продажба на оружје во белиот свет. Криминалците од двете страни на Дрина никогаш не биле во судир, па таа работа лесно продолжи и по воените дејствија, а трае до денес.
- Од сите завојувани страни ветераните на војните оделе на странски боишта, каде, без сомнеж, влечеле и конци на логистика, од оружје до муниција и други видови на вооружување, како и експлозив. Во напуштена зграда во селото Меѓаши неодамна се најдени големи количества на експлозив. На некои странски безбедносни кругови очигледно не им е дојдено до мир, вели експертот по ова прашање, поранешен контраразузнавач на Сојузниот секретаријат за внатрешни раноти, а денес адвокат Душан Томиќ.
Според оценките на упатените, загрижувачки е колкави количества на оружје се уште се чуваат закопани во земја, па не треба да чуди што често се случуваат злосторства со автоматски пушки, до кои лесно се доаѓа.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати
-

Мицкоски: По не знам колку време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од државјанство
-

Седум лица уапсени од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

СП 2026: Американски министер: Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ - земјоделство
-

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
