Натамошниот тек на рестриктивните мерки на состанок на кризниот штаб

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во државава од почетокот на епидемијата достигна 1.792, откако во изминатото деноноќие беа регистрирани 30 нови случаи од 426 направени тестирања. Оздравени се 26 пациенти, додека три лица починаа на Клиниката за инфективни болести во Скопје.Од бројот на новозаразени ќе зависи натамошното олабавување на рестриктивните мерки.

За натамошниот тек на рестриктивните мерки ќе се разговара денеска на состанок на главниот кризен штаб и нивното олабавување и нормализирањето на состојбата ќе зависи од развојот на ширење на инфекцијата. Одлуките како и досега ќе се носат врз основа на мислењата на стручните луѓе односно епидемиолозите од Комисијата за заразни болести, изјави вчера премиерот Оливер Спасовски.
Најважно е, дополни, не само да ги вратиме мерките, туку и да ја одржиме состојбата на ова ниво што го имаме денеска, а тоа е стабилна здравствена состојба во која здравствениот систем ќе може да одговори на состојбите пред нас.

Прашан дали ќе целодневно ограничено движење за празникот Рамазан Бајрам, премиерот повтори дека за сите мерки се слуша мислењето на Комисијата и оти врз основа на тоа се носат одлуките без разлика за кој ден станува збор.
– Но, со оглед на фактот дека имаме двоен празник на 24 Мај, тоа заслужува внимание да се разговара и на главниот кризен штаб и да се разговара на седница на Влада. Но, како и да е, одлуките ги носиме на база на мислењата на стручните луѓе и какви ќе бидат доставени, ќе носиме соодветни одлуки и ќе ја информираме јавноста, додаде Спасовски.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера објави дека 91 отсто од здравствените работници кои беа заболени од Ковид-19 се целосно оздравени.
– Им одавам чест за храброста и посветеноста. На сите останати им посакувам брзо закрепнување, напиша Филипче во објава на Фејсбук. До крајот на неделава, како што најави, ќе биде финализиран начинот на движење на граѓаните и поминување на границите со соседна Грција.

Во меѓувреме, продолжи тестирањата во рамки на скринингот во градинките и од 184 тестирања во претходното деноноќие сите се негативни.
– Согласно со денешниот извештај на ИЈЗ, со скринигот на вработените во градинките кој започна пред три дена, досега е направенo 581 тестирањe, потврден е само еден позитивен случај на КОВИД-19, сите други тестирани лица се негативни на вирусот, соопшти Министерството за здравство. Во Битола за три дена се завршени тестирањата на сите 322 вработени во градинките и таму е регистриран единствениот позитивен случај на КОВИД-19.
Според податоците на Министерството за здравство, сосега се оздравени 1.293, починаа 101 лице, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 398.
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
