Директорката на неготински „Комуналец“ се сомнева дека депонијата е намерно потпалувана

Депонијата во Неготино во последните неколку дена е запалена два пати и се сомневаме дека некој намерно ја пали. За тоа пријавивме во полиција, изјави за МИА директорката на неготински „Комуналец“, Марина Бојаџиева, запрашана околу пожарите на градската депонија и оти граѓаните стравуваат за своето здравје.
Нивна екипа била на терен и вршела соодветно третирање на лице место.

Директорката рече дека е многу зголемена количината на отпад на депонијата, а проблем имале и со оние кои неконтролирано таму носат секакво ѓубре.
– Многу е напорно да се гасне толкава количина отпад. А тоа чини и пари. Многу ми е жал поради сево ова, последните две години депонијата воопшто се немаше запалено. Сега наеднаш се пали, според мене тоа е симптоматично. Не е убаво да се злоупотребуваат вакви работи, нагласи Бојаџиева.
Ново на Сител
-

ЛЕ: Гол предност за Нотингем Форест и Брага
-

Сиљановска-Давкова: Да градиме општество во кое трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат
-

Американските власти објавија видеоснимка од нападот на гала-вечерата со Трамп во Вашингтон
-

Приведен прилепчанец за измама од над 88.000 евра – лажно ветувал лекување во странство
-

Возило излетало од автопатот Скопје–Велес, шест лица извлечени без животна опасност
-

ССМ со првомајски протест за повисока минимална плата, СОНК останува на дијалог
-

Свежо утро со минусни температури, преку ден променливо облачно со сончеви периоди
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид, поставување камен темелник на катна гaража и увид на градежни работи „Кај Чинарот“
