Словенија прогласи крај на епидемијата
Словенечката влада синоќа прогласи крај на епидемијата на коронавирус, со што Словенија е првата европска земја што го стори тоа.
Националниот институт за јавно здравје процени дека сите показатели покажуваат дека ширењето на коронавирусот е забавено, односно дека се регистрирани вкупно 35 нови случаи на Ковид-19 во последните 14 дена. Сепак, бидејќи сè уште постои ризик од ширење на вирусот, некои рестриктивни мерки остануваат на сила.
Првиот потврден случај на коронавирус во Словенија е регистриран на 4 март, а до 13 мај биле потврдени 1.464 случаи. Од коронавирус починале 103 лица.
Епидемијата на коронавирус во Словенија беше прогласена на 12 март.
Владата, исто така, донесе мерки во врска со преминувањето на границата, така што граѓаните на Словенија и на другите земји од ЕУ повеќе нема да мора да бидат ставени во карантин при влез во земјата.
Ново на Сител
-
Комисија од тројца судии ќе треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката за предметот на Васил Јованов
-
„Адвокатот на Васо ќе објави снимка како плаче над мртвото тело, апелирам медиумите да не ја објавуваат“, напиша сестрата на Фросина
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница