Втора мачка позитивна на коронавирус во Франција

Националната ветеринарна школа од Тулуз соопшти дека е тестирана втора мачка во Франција која е позитивна на коронавирусот, откако веројатно е заразена од нејзините сопственици, јави дописникот на МИА.
-Ова е втор случај пријавен во Франција од природна инфекција на мачка, по првиот случај идентификуван во близина на Париз на 2 мај. Помалку од десетина случаи се опишани ширум светот до денес “, вели во соопштението на Националната ветеринарна школа од Тулуз (ЕНВТ).
Оваа „нова мачка заразена со вирусот САРС-КоВ-2 е идентификувана во Бордо“ од ЕНВТ.
-Како и во претходно идентификуваните случаи ширум светот, мачката живееше со луѓе за кои се сомневаа дека биле заразени со Ковид-19, велат од ЕНВТ.
Животното „страдало од респираторни нарушувања“ и „кашлицата опстојувала и покрај антиинфективниот и антиинфламаторниот третман“.
Мачките не се сметаат дека се актери во човечката пандемија, се вели во соопштението. Инфекцијата на мачките секогаш била опишана како последица на човечка инфекција.
Во своето мислење од 20 април, француската здравствената агенција заклучи дека во светло на достапните научни сознанија, нема докази дека миленичињата и животните кои се одгледуваат играат епидемиолошка улога во ширењето на вирусот САРС-КоВ-2 “, се додава во соопштението. ЕНВТ заклучува дека „овој втор случај опишан во Франција на инфекција со мачки, не ја менува оваа научна анализа“.
Ново на Сител
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
