Кратење на платите во администрацијата само доколку има политички консензус и консензус во Владата

Владата нема консезус за носење одлука со која би се скратиле платите на административците. Министерката за финансии, вели дека за да се разгледува ваква одлука потребен и политички консензус, но и консензус во Владата.
-Темата е сензитивна и многу често се вадат од контекст изјавите кои потоа се пласираат за добивање на политички поени, без воопшто да се има предвид кој би бил предложениот модус, колку би бил праведен и што би значел, вели Ангеловска.
Појаснува дека во администрацијата има луѓе кои за време на оваа здравствено-економска криза работат двојно и тие треба да бидат наградени.
-Но, во исто време имаме многу голем дел кој речиси 2 месеци половина од деновите не работеше, дел можеби имаа одреден ангажман од дома, а дел воопшто немаа. Системот во јавната администрација нема можност во вакви услови да препознае заслуга спрема продуктивност и придонес. Но секако тоа е реформата во јавната администрација на која што Министерството за информатичко општество работеше и верувам со уште посилно темпо ќе продолжи да работи по кризата, вели Ангеловска.
Посочи дека во ниту еден момент не се разговарало да се скратат платите на административците со ниски примања.
-Би било контрадикторно да зборуваме за помагање на сите граѓани со намалени доходи и за стимулирање на приватна потрошувачка, ако во исто време на сите работници со ниски примања во јавната администрација им скратиме дел од месечните примања. Од друга страна, мора да имаме предвид кој ја полни државната каса од каде се исплаќаат и платите на јавната администрација. Во услови кога е „повреден“ приватниот сектор кој е главен полнач на буџетот, а со тоа и голем дел од работниците во приватниот сектор се појавува разумното прашање - каква порака праќаме ние дека сме солидарни и го делиме товарот сите заедно?, прашува Ангеловска, додавајќи дека ваква одлука ќе се донесе само со мнозинство во Владата.
Даниел Василев
Ново на Сител
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
-

Трамп не верува дека Кина и Русија му помагаат на Иран
-

Асистенција и црвен картон за Елмас во победата на Аталанта над Венеција
-

Трибина посветена на декларацијата за безбедност при работа на здравствените работници
-

Трамп вели дека Путин сака договор повеќе од Зеленски
