Поради пандемијата со коронавирусот 10 отсто од студентите ги загубија своите работни места во Франција

Околу 10 отсто од студентите ги загубија своите работни места како резултат на епидемијата на коронавирусот, која предизвика прекин на голем дел од економската активност во Франција.
-Генерално, 20 отсто од студентите немаа сигурна состојба и 40 отсто добиваат државна помош, подвлекува министерот за високо образование Фредерик Видал во интервјуто за „Паризиен“, објавено неколку дена по најавата на премиерот Едуард Филип за помош од 200 евра наменета за „млади загрозени луѓе“ на возраст под 25 години.
Оваа помош, според Фредерик Видал, се однесува на оние стипендисти или носители на стипендии, кои биле на задолжително платено стажирање или биле вработени на 1 март, а кои работеле најмалку 32 часа месечно, како и изолирани студенти од прекуморските територии и департмани кои се најдоа во Франција, за време на мерките на изолација.
Се проценува дека помош можат да побараат околу 400.000 студенти, за што се одвоени 80 милиони евра.
Ново на Сител
-

Автобус со студенти падна во провалија на Зеленортските Острови, најмалку 21 загинат
-

УС опен: Американецот Фриц водеше со 2-0 во сетови и го загуби мечот
-

Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при претрес на „Тиквешки гроздобер“
-

Полицијата приведе маж од Македонски Брод осомничен дека предизвикал пожар
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
