Груевски: Македонија ќе оди напред и има своја иднина

Македонија ќе оди напред и има своја иднина, сите граѓани на нашата земја се таа иднина и мора заедно да работиме со сиот потенцијал за иднината да биде подобра, потенцира премиерот Никола Груевски во интервју за Прес24.
Според него, точно е дека нацијата и државата се во грч подолг период, но има надеж и одлична иднина за Македонија.
- Ќе правиме максимум за да биде попредвидливо, порелаксирано на секој план. Свесни сме дека општеството е контаминирано од политика. Тоа не е добро. И тука и ние имаме свои грешки. Свесни сме дека мора да се престане со говорот на омраза и сите кои ни мислат добро како на партија, а се наши поддржувачи да се држат до ова. Говорот на омраза, гневот и заканите да се тргнат настрана, да не постојат. Тие се злото кое не труе сите. Тоа мора да престане. И тука сите ние имаме своја одговорност. Македонија мора да оди напред, и ќе оди. Ние имаме одличен план, ќе имаме најсеопфатна програма кога било направена на следниве избори и тоа ќе биде реална програма, базирана на анализи и реални параметри, но и на идеите на граѓаните кои во моментов ги собираме, вели Груевски.
Ќе делуваме, додава, конструктивно, ќе работиме со сета сила, како никогаш досега и јас сум убеден дека ќе победиме на следните избори.
- Провокации имало и ќе има, подготвени сме и не потценуваме никакви закани, но одиме напред, посочува Груевски.
- Јас знам дека ќе успееме. Имам причина да верувам во тоа. Затоа што го знам нашиот народ, поминал многу, и гледа јасно и се гледа и знае да цени и суди. Некои ми викаат дека некако наивно верувам во оваа теза, но оваа теза ме мотивира да одам напред, да се борам за мојот народ! Мојата порака е, гледајте ја големата слика, гледајте со отворени очи, правете разлика, споредувајте, анализирајте, на нас можете да се потпрете и да сметате!, наведува премиерот Груевски во интервјуто.
Ново на Сител
-

Нова надеж за трансплантациите: Бубрег од свиња функционирал 271 ден во телото на пациент и го ослободил од дијализа
-

Конфликтот во Иран не е „војна“, сообраќајот низ Ормуската Теснина речиси нормализиран, изјави Венс
-

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност
-

Вкупно 31 пожар на отворен простор е регистриран до изутринава
-

Штетата од катастрофалните поплави во Непал надминува 2,5 милијарди долари
-

Трамп: Ја спасив Велика Британија од нуклеарен напад со започнувањето на војната со Иран
-

Сончево и топло со температура до 33 степени
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
