Мицкоски: Очекувам тежок период за македонската економија
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека актуелната власт лошо се справува со економските последици предизвикани од кризата со коронавирусот. Убеден е дека потежок економски период доаѓа во наредните месеци. Смета дека власта ќе има проблем да обезбеди средства кои недостигаат во Буџетот поради намалената економска активност.
Во интервју за емисијата „Отворено студио“ на телевизија 24, Мицковски оцени дека власта е задоволна што имало натфрлање на уплатата на данокот на добивка, но оти не кажува дека тоа се должи на фактот дека бизнисот кој нема загуби, аконтативно го уплатил до крајот на годината.
После мај, вели Мицковски, веќе нема да се уплаќаат аконтации, а ќе има проблем и да се набават пари, особено евтини пари.
Прашан како би го оценил министерот за здравство, Мицковски рече дека луѓе кои го познаваат, го оценуваат како сосема коректен човек и добар лекар. – Го охрабрувам по политичката кариера, да се врати да биде лекар, рече Мицкоски, додавајќи дека доколку продолжи со политика, Филипче треба да внимава на јавни набавки.
Забележа дека е лошо што во регионот сме меѓу првите по смртност од корона вирусот.
-Ако ги гледаме бројките по трите основни параметри по кои можеме да ја цениме успешноста на мерките, тоа е бројот на луѓе кои го загубиле животот на милион жители, бројот на луѓе кои што се инфицирани на милион жители, и бројот на тестови направени на милион жители. И доколку се анализираат 10 држави од регионот, ќе видите дека Македонија е во долната половина, рече Мицкоски.
По бројот на луѓе кои го загубиле животот на милион жители, како што посочи, земјава е втора по смртност веднаш позади Словенија, по бројот на заболени, трета, а во однос на бројот на тестирани сме на седмото место.
– Така што бројките морам да признаам не се на наша страна, но секој човечки живот спасен навистина е голем успех, бидејќи секој човек вреди, рече Мицкоски.
Според него, во изминатите години е испуштена шансата да се направи нешто за подобрување на здравствениот систем. ВМРО-ДПМНЕ, како што посочи, со програмата со која планирала да излезе на предвремените парламенарни избори имала поинаков пристап од аспект на здравството и смета дека повеќе треба да се инвестира во човечки капитал, а не само во тули.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
