Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.498.999 лицa. Од нив починати се 171.334, а оздравеле 657.895 луѓе.
– Во Белгија од вчера има регистрирано 120 смртни случаи, дополнително се заразени 973.
– Во Шпанија земја, во последните 24 часа починале 430 лица од компликации поврзани со инфекција со коронавирусот, дополнително се заразени речиси 4.000. Бројот на регистрирани случаи се зголеми на 204.178 и 21.282 смртни случаи. Така, бројот на новозаразени во таа земја скокна од претходниот ден (1.536) како и бројот на починати во однос на претходните два дена кога имаше меѓу 399 и 410 смртни случаи.
– 600.000 жители на Стокхолм досега се заразени од коронавирусот, според вирусологот Јохан Гисеке, советник на СЗО. Во исто време, тој тврди дека 99 отсто од заразените не се ни свесни дека имаат Ковид-19
– Оддел во британската здравствена служба NHS испитува дали поради недостиг од опрема повторно да се користи заштитна облека вече употребена, изјави Сафрон Кордери, заменик-главен извршен директор на NHS Провидерс. Во Британија од коронавирусот починале 41 отсто повеќе луѓе отколку што пријавиле властите.
– Сингапур ја продолжува делумната изолација за четири недели за да го спречи ширењето на коронавирусот, изјави денеска премиерот Ли Хсиен Лун. Мерките, вклучително и затворањето канцеларии и училишта, истекува на 4-ти мај.
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
