Се прави сериозен план за олеснување на мерките по 1 Мај

Премиерот Оливер Спасовски информира дека се прави сериозен план за тоа како и на кој начин после 1 Мај да се почне со олеснување на некои од мерките, а кои ќе бидат во функција на враќање на животот во нормала.
Според него, бројот на заразени е она што беше и очекувано за во овој период.
– Ни беше битно да создадеме услови за работење на здравствените работници. Сметавме дека мерките за физичко дистанцирање даваат резултати, затоа и имаше одлуки за неработење на училиштата, градинките, многу компании не работеа, вклучително и оние во угостителството, туризмот. Тоа беше неопходно. Сите ќе поднесеме дел од товарот од оваа криза. Ова не е време за каков било профит, сите треба да бидеме насочени кон успешно справување со оваа состојба, порача премиерот Спасовски.
Во однос на прашањето за затворањето на региони во државата за празниците, Спасовски со став дека носењето на одлуката за продолжен полициски час до вторник, сабајле ги дава ефектите. Врз основа на ионформациите што ги добива од МВР, во државата нема енормно зголемување на луѓе што се движат или што се во некакви групи на излетнички места, односно многу мал дел заминале во своите домови од каде доаѓаат во Скопје.
За Спасовски државниот карантин е една од подобрите владини мерки затоа што ризикот се сведува на минимум. Државата направи максимални напори преку МНР да се обезбеди да се вратат државјаните на . Македонија кои останале од кои било причини во некои од европските земји. Повеќе од 2.800 лица , потсети, се сместени во државните карантини.
Сето она што беа владини мерки и се однесуваа на територијата на државата, се третираат и на локално ниво посебно во оние средини каде што,вели, имаме значителен број на инфицирани лица или создавање на услови за пренос на коронавирусот.
– Ситуацијата е сложена во повеќе градови, меѓу тие градови е и Општина Куманово заради тоа што имаме зголемен број луѓе инфицирани и тоа само говори за фактот дека и посветеноста на Владата во овој дел е насочена многу на справување со целата оваа состојба. Од една страна да го одржиме стабилен здравствениот систем и од друга страна максимално да им се помогне на граѓаните преку препораките што ги носиме и преку нивно почитување, рече Спасовски.
Спасовски смета дека има намалување на тенденцијата на заразени секаде, но треба, истакна, фокусот на вниманието да биде каде тоа повеќе има услови за ширење.
– Сериозен предизвик во наредниот период ќе бидат институциите во Куманово, заради тоа што трансмисијата на ширењето на болеста е и во институциите. Стриктно почитување на сите мерки и препораки што ги дава или носи Владата само преку таа физичка и социјална дистанца имаме најдобри резултати секаде каде што ќе погледате компаративно, посочи меѓу другото Спасовски.
Ново на Сител
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
-

Бартломиеј Питала - почесен граѓанин на Скопје, човекот со чиј подвиг светот слушна за нашето богатство
-

300 килограми кокаин скриен меѓу банани запленет во Германија по информации од македонската полиција и ДЕА
-

Зеленски се надева дека резултатите од американските избори ќе донесат поголема помош за Украина
-

25-годишен тетовец ја нападнал сопругата па се заканувал на нејзиното семејство
-

Цените на угостителските услуги во октомври повисоки за 1,6 отсто на годишно ниво
-

Ѓорѓиевски: Младите заслужуваат свој дом - ослободување од комуналии за млади брачни двојки до 40 години
