Филипче: Скрининг на антитела е планиран на средина или крај на летото
Скрииниг на антитела е планиран во нашата стратегија, но не сега, туку некаде на средина или крај на летото, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека тестовите, ќе бидат со соодветни анализи и валидирани од комисијата за заразни болести.
– Планирано е да правиме скрининг по возрасни групи. Тоа е планот да го направиме веднаш по попуштање на мерките или некаде на лето, со цел да го процениме имунитетот на возрасните над 65 години, понатака на децата во школска возраст или на работоспособното население, изјави Филипче.
Тоа ќе ни биде еден еден од показателите за димензионирање на мерките, тогаш, кога евенетуално би сметале дека може да се соочиме со повторен пик на болеста.
– Дали тоа ќе биде на есен или не, ќе ја пратиме епидемиолошката криза и врз основа на тоа ќе дадеме мислење и за тоа како можеби ќе треба да се организира наставата во училиштата. Доколку се процени дека нема имунитет на возрасното население над 65 години, може да кажеме дека рестриктивните мерки за нив ќе важат цело време до крајот на годината, изјави Филипче.
Нагласи дека засега многу е мал бројот на пациенти кои го детектираат дека има развиено антитела и не може да биде показател за како да се креираат политиките.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
