Бектеши: Постои економска оправданост за зголемување на акцизата на горивата
Постои економска оправданост за зголемување на акцизата на горивата и ако се донесе предлог од страна на Министерството за финансии на Влада за зголемување на акцизата било за два или три денари, ние како Министерство за економија ќе го поддржиме, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција.
-Како министер за економија надлежен за енергетиката и имајќи ја предвид анализата на Министерството за финансии, но и трендовите кај нашите соседи и падот на цената на светските берзи во моментот има економска оправданост за зголемување на акцизата. Но, истовремено има и механизам со тоа што во моментот кога ќе се покачат цените автоматски ќе се намалува акцизата, рече Бектеши на новинарско прашање кога Владата ќе донесе одлука за предлог мерките на Стопанската комора за изедначување на цената на екстралесното гориво со дизелот и за покачување за два денара на акцизата за безоловниот бензин и дизелот.
Тој појасни дека денеска ја добил и анализата на цените на горивата во регионот каде споредно со цените кај нас, тие се повисоки и тоа во Албанија на пример, цената на горивата е 37 денари поголема, во Косово за 28 денари, а во Србија за 33 денари.
-Затоа ние како Министерство за економија треба да им излеземе во пресрет и на Минстерството за финансии, но и наш став е дека ние не треба да се грижиме само за страната на расходите во буџетот, туку истовремено треба да се грижиме и за страната на приходите. Што значи дека економска оправданост има и со тоа, ако се донесе предлог од страна на Министерството за финансии на Влада за зголемување на акцизата било за два или три денари, ние како Министерство за економија ќе го поддржиме, се разбира со механизмот ако цените на светските берзи растат акцизата да се намали, рече Бектеши.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.