Филипче: Терапијата на двата лека дава резултати, но најтешката форма на коронавирусот тешко се третира

Терапијата од комбинацијата на двата лека дава резултат во третманот на пацинети од коронавирусот. За користењето на крвната плазма подготвен е протоколот и се работи на нејзино техничко подготвување, а кај пациентите со најтешка форма на оваа болест кај сите досегашни лекувања и покрај дадената терапија за жал нема резултати.
Ова го истакна министерот за здравство Венко Флиличе во одговорајќи на новинарски прашања.
-Може да кажам дека во нашето искуство, во секојдневната комуникација со инфектолозите, со анестезиолозите кои работат со нашите инфектолози на Клиниката за инфективни болести во одделот за интензивна нега, оваа најтешка форма на болест, и покрај сите преземени мерки, многу тешко може да се третира и за жал пациентите и покрај сите интензивни мерки на терапија, на лекување, на супортивна терапија, антибиотска и секоја друга терапија што доаѓа во предвид за други органи и органски системи, не само за белите дробови, за жал не дава резултат, рече Филипче во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Сепак како што појасни, терапијата составена од комбинација од двата лека, а која се дава на Инфективната клиника, дава резултати. Појасни и дека протоколот за крвната плазма е завршен од страна на специјалистите во Инстутот за трансфузиона медицина и во моментов се работи на нејзино техничко подготвување.
-Терапијата дава резултати, добар дел од пациентите веќе се пуштени на домашно лекување, сите тие кои беа и кај кои беше индицирано давањето терапија и за кои рефериравме дека се пуштени дома од Инфективната клиника ја примаа терапијата, рече Филипче
Како што појасни, колегите на трансфузија се подготвени технички да го изработат одделувањето на плазматата, односно фракционирањето, а потоа ќе биде идницирано да се даде на одредена група на пациенти, согласно параметрите и начинот на манифестација на болеста.
Филипче додаде и дека денеска официјално се обратиле до Јапонската амбасада за донирање на една форма на антивирусен лек односно дополнителна терапија како помош за сите земји.
-Во однос на дополнителна терапија ги пратиме светските трендови и очекуваме да стигнат и после формализирањето да документите, делот од терапијата што доаѓа преку студијата од светската здравствена организација денеска се обративме и официјално до Јапонската амбасада заради тоа што Јапонија најави деќа ке донира една форма на антивирусен лек како помош за сите земји, рече Филипче.
Ново на Сител
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
-

Бартломиеј Питала - почесен граѓанин на Скопје, човекот со чиј подвиг светот слушна за нашето богатство
-

300 килограми кокаин скриен меѓу банани запленет во Германија по информации од македонската полиција и ДЕА
-

Зеленски се надева дека резултатите од американските избори ќе донесат поголема помош за Украина
-

25-годишен тетовец ја нападнал сопругата па се заканувал на нејзиното семејство
-

Цените на угостителските услуги во октомври повисоки за 1,6 отсто на годишно ниво
-

Ѓорѓиевски: Младите заслужуваат свој дом - ослободување од комуналии за млади брачни двојки до 40 години
