Штајнмаер: Германското општество е пред крстопат поради коронавирусот

Пандемијата на коронавирусот ја доведе Германија до крстопат што ќе утврди дали земјата ќе се движи во насока на страв или ќе стане „попромислено и оптимистичко“ општество. Со тие зборови претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер и се обрати на нацијата.
„Не сакаме да бидеме плашливо и недоверливо општество“, рече Штајнмаер во обраќањето што го пренесоа најголемите радиодифузери.
„Можеме да станеме посигурно, грижливо и оптимистичко општество – можеме да растеме од оваа ситуација“.
„Или ќе биде секој човек сам за себе, да се турка, да паничи со купување и погледне себеси и своите, или ние ќе ја искористиме оваа ситуација да се посветиме на другите и на општеството“, нагласи германскиот шеф на државата, кој обично и се обраќа на нацијата само на Божиќ.
Корона-кризата е „тест на нашата човечност“, смета германскиот претседател.
Штајнмаер исто така се осврна на рестриктивните мерки што Владата ги спроведува во последните неколку недели, велејќи дека нивниот успех зависи „не од политичарите и експертите, туку од сите нас – нашата трпеливост и нашата дисциплина, особено сега што се чини дека е најтешко“.
Германија е една од најтешко погодените земји во Европа. Над 120.000 луѓе се позитивни на коронавирусот, а вкупно 2.736 луѓе починаа од Ковид-19.
Во говорот, Штајнмаер повика на солидарност во Европа, велејќи дека „Германија не може да излезе од криза силна и здрава ако нејзините соседи не се силни и здрави“.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
