Кошарка
9. December 2015 - 14:04

Кожув домаќин на Сигал во дуел од БИБЛ лигата

Македонскиот претставник во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ) екипата на Кожув, попладнево е домаќин на актуелниот шампион Сигал Приштина.
 
Во натпревар од 5.коло на групата А, гевгелиската екипа ќе има тежок предизвик, да го совлада косовскиот тим кој во првиот меч одигран во Приштина, во втората половина на октомври, забележа убедлива победа со 88:60.
 
Кожув, на изминатите четири средби оствари само една победа и тоа на домашен терен против бугарскиот тим Бероа, а покрај поразот од Сигал, двапати беше поразен и од црногорската екипа Морнар.
 
Почетокот на натпреварот Кожув – Сигал Приштина е закажан за 19 часот. Вчера во првиот меч од оваа група меѓу бугарската екипа Бероа и Морнар победа дури по продолжението оствари екипата од Црна Гора 95-93. 
 
Табела: Морнар 5-0 (победи-порази), Сигал Приштина 2-1, Кожув 1-3 и Берое 0-4.