Свет
30. March 2020 - 11:28

Суга: Јапонската Влада не планира воведување вонредна состојба поради коронавирусот

Портпаролот на јапонската Влада Јошихиде Суга денеска изјави дека не се точни информациите дека владата планира од 1 април да воведе вонредна состојба во земјата за да го забави ширењето на пандемијата на коронавирусот.

На редовната средба со новинарите во Токио тој, исто така, кажа дека најавениот телефонски разговор меѓу јапонскиот премиер Шинѕо Абе и директорот на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејсус нема никаква врска со евентуалната одлука за воведување вонредна состојба, пренесоа британските медиуми.

Во Јапонија досега од новиот коронавирус заболеле 1.900 лица, додека 56 имаа фатален крај.