-->
-->
Австрија: Бројот на невработени поради пандемијата постојано расте
-->
Од почетокот на спроведувањето на ограничувањата за слобода на движење – 16 март, бројот на невработени во Австрија се зголеми за 138.000. Директорот на Службата за вработување, Јоханес Копф, изјави дека биле отпуштени 115.600 луѓе до понеделникот, а сега тој број пораснал за уште 23.000. Најголем број има во гастрономијата, повеќе од 47.000, по што следи градежништвото со 17.000, бидејќи работата на поголемиот дел од градилиштата е стопирана. Австриската Влада ги повика претприемачите да не ги отпуштаат своите вработени, туку да ја искористат можноста за скратено работно време воведено со новите закони, кои треба даосигураат работни места, со што е можно помал товар на работодавачот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод