9 медицински лица од трансфузиологија во Охрид се тестираат на корона поради контакт со болен пациент
9 медицински лица вработени во охридска трансфузиологија денес ќе се тестираат дали се позитивни на корона вирусот откако биле во контакт со лице заболено од ковид 19.Персоналот е во карантин од 19 март а со заболениот контактирале на 10ти и незнаеле дека пациентот кој бил на преглед кај нив има корона вирус.
Целиот оддел е под клуч а на вработените им истече периодот на инкубација пресметано од денот кога го имале првиот контакт со пациентот.
Заболениот откако бил во оделот за трансфузиологија таму идните дена доаѓале и други пациенти така што не се исклучува можноста и некои други да се заразени од него.
Станува збор за првозаболениот од коронавирус во Охрид кој би на патување во Италија и по истекот на периодот за инкубација бил тестиран и потврдено било дека е позитивен.
Персоналот засега нема симптоми но сепак резултатите ќе се знаат за два до три дена .
Во Центарот за јавно здравје од вчера се прават скрининг тестови за Ковид 19. Брисевите се земаат од грло и нос од страна на стручни лица од центарот соодветно опремени за оваа постапка.
Инаку СВР Охрид поднесе кривична пријава против две 48 годишни лица едното од Охрид а другото од Швајцарија бидејќи непостапиле по мерката за самоизолација од 14 дена При извршената контрола полициските службеници утврдиле дека пријавената охриѓанка не се наоѓала во нејзиниот дом додека пак другото лице е забележано како управува патничко возило, по што бил сопрен на регионалниот пат Охрид-Струга.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар