Се укинуваат царините за медицинските помагала и потрошниот медицински материјал

Владата на вчерашната седница донесе одлука за укинување на увозната давачка – царинска стапка за одредени стоки – потрошен медицински материјал (согласно Задолжението од Петтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб одржан на 20 март 2020 година и Задолжението од Шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 21 март 2020 година) во врска со ослободување на царинските давачки за сите медицински помагала и потрошниот медицински материјал кој се увезува во Република Северна Македонија.
-Одлуката има за цел да се надминат евентуалните нарушувања на пазарот во земјата во однос на снабденоста со овие стоки, како резултат на прогласената пандемија на коронавирусот од страна на Светската здравствена организација и преземените рестриктивни мерки од страна на одделни земји во вид на ограничување на извозот на овие производи, информира владината прес-служба.
Медицинските помагала и потрошниот медицински материјал се вметнуваат и во Одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, покрај дезифекциските средства. И за нив ќе важи забраната за поскапување, не до 30 март, туку до завршување на вонредната состојба во земјава.
Ново на Сител
-

Најмногу се јадело леб и компир, а се пиеле повеќе сокови отколку вино и кафе
-

Израел го забрани работењето на 37 меѓународни невладини организации во Газа и Западниот Брег
-

Светот ја испраќа старата година, новата 2026 први ќе ја пречекаат Кирибати, а последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд
-

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024
-

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот кон ГП Ќафасан во двата правца
-

Учениците од денеска на зимски распуст
-

Повредени две лица во сообраќајка на патот Кочани –Штип
-

Русија вели дека Украина вчера ја нападнала Москва со дронови
