Потврдени 695 случаи на Ковид-19 во Грција, починаа 17 лица
![]()
Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Грција, достигна до 695, откако денеска беше соопштен нов 71 случај, додека пак во изминатите 24 часа регистрирани се и два нови смртни случаи и бројот на жртвите се искачи на 17 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
-Во врска со надзорот и постепеното зголемување на случаите, остануваме во рамките на проценките на нашите математичките предвидувања, кои постојано се обновуваат. Нашите податоци покажуваат дека околу осум до десет илјади луѓе во земјата се веќе заразени, рече претставникот за коронависрусот на Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас.
Професорот, денеска соопшти дека се хоспитализирани 114 лица, од кои 35 се приклучени на апарати, а пуштени од болница се 29 лица.
Од заразените, 56 отсто се мажи, 75 проценти се на возраст од 18 до 64 години, а 21 отсто се над 65 годишна возраст, останатите се деца.
Во однос жртвите, сите имале здравствени проблеми, просечна возраст е 76 години, а 14 мажи и три жени.
На денешната редовна прес конференција, заменик – министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, рече дека се прават контроли дали оние кои треба да бидат во домашна изолација, ги почитуваат наредбите и препораките.
Од 174 извршени контроли на граѓани, четворица биле надвор од нивните домови и им била изречена казна од пет илјади евра.
Хардаљас објасни дека парите од овие казни ќе бидат наменети за зајакнување на здравствениот систем во земјата.
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
