Роналдињо слави роденден во затвор

Поранешната бразилска фудбалска sвезда Роналдињо денеска ќе го има својот најнеобичен роденден. Тој ќе прослави 40-години зад решетките во Парагвај, откако беше уапсен за влез во земјата со лажен пасош.
Роналдињо, кој настапуваше за клубови како Пари Сен Жермен, Барселона и Милан, ја освои Златната топка во 2005 година и титулата на СП 2002 година, важи за еден од најдобрите бразилски фудбалери во историјата, покрај Пеле, Роналдо и Нејмар. Сепак, на крајот од својата кариера, тој се впушти во лесен живот и стана модерна верзија на Џорџ Бест, што на крајот доведе до тоа да се најде зад решетки.
Роналдињо може да биде осуден на шест месеци затвор за употреба на лажен парагвајски пасош при пристигнувањето во главниот град Асунсион на 4 март. Неговата верзија дека не знаел дека пасошот е лажен, бидејќи сметал дека е сувенир е, благо речено, наивно. Токму на неговата наивност е изградена неговата одбрана.
– Тој е глуп. Не разбрал во што влегува. Можел да користи и бразилски пасош“, вели неговиот адвокат Адолфо Марин.
Судот во неколку наврати ги отфрли барањата за промена на притворот во куќен притвор под изговор дека Роналдињо би можел да избега. Неговиот притвор, сепак, се покажа како дел од истрагата за перење пари од големи размери. Роналдињо секогаш оставал неговиот брат Роберто, кој исто така беше приведен и веројатно организирал сè, да ја води деловната страна од неговата кариера.
Шпанскиот весник „Ас“ потсетува дека пред години, тој договорил групи јапонски туристи да патуваат покрај куќата на Роналдињо за надомест, а тој мавтал од балконот.
– Ме растажува што се случува со мојот пријател. Тој не заслужи неговиот углед да биде уништен на овој ужасен начин, изјави поранешниот соиграч на Роналдињо во Барселона и бразилската репрезентација – Ривалдо.
Ново на Сител
-

Маѓар: Приведен е братот на Виктор Орбан како осомничен за трговија со луѓе
-

По 10 години врска ја оставил – сега бара да ѝ плати 340.000 долари затоа што ѝ ги потрошил најдобрите години од животот
-

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се малку веројатни нови напади врз Иран
-

СВР Штип апелира до граѓаните за внимателност од телефонски измами
-

Одложено денешното судско рочиште за предметот „Онкологија“
-

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
-

Сараево повторно е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот
-

Пред 37 години беше урнат Берлинскиот ѕид, симбол на поделбата на Европа и Студената војна
