Во Италија со експериментален лек е излечен маж со коронавирус
Лекарите од Клиниката за инфективни болести во Џенова соопштија дека со експериментален лек успешно излекувале 79-годишен маж заразен со коронавирусот, јави дописникот на МИА.
Како што изјави првиот главен лекар во клиниката Матеро Бесети, се работи за антивирусно средство со широк спектар на дејство, а лекот кој е првично направен за да се третира ебола, го разви американската компанија „Џилид Сајанс“.
– Го имаме првиот случај на лице кое оздраве со помош на овој лек. Двете анализи покажа дека тој сега е негативн на вирусот и веќе е пуштен дома, изјави Бесети, кој додаде дека тоа за нив било момент за воодушевување и дека со истиот лек сега ќе се обидат да им помогнат и на другите пациенти.
Како што пренесе словенечката Поп ТВ, клиничките испитувања на овој лек се одвиваат и во Соединетите Американски Држави, а во тестирањето на лековите против Ковид-19 ќе се приклучи и Хрватска, најави директорката на Клиниката за инфективни болести во Загреб.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи