-->
-->
Царовска упати благодарност до Комерцијална банка АД Скопје за предвременото уплаќање на дел од обврските кон државата
-->
Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска јавно се заблагодарува на Комерцијална банка АД Скопје за извршената уплата на 120 милиони денари одеднаш по основ на аконтативен данок на добивка за 2020 година.
Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерката, Комерцијална банка уплатата ја направи предвреме имајќи го предвид развојот на состојбите и сериозноста и опасноста на ширењето од вирусот Ковид-19 што укажува на високата свест и одговорност на оваа компанија.
– Со ваква одлука Комерцијална банка АД Скопје придонесува за поголема ликвидност државата и нејзиниот буџет коишто се целосно ставени во функција на справување со коронавирусот и поддршка на приватниот сектор, се вели во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден