Заев: Економските последици се очекуваат уште на почеток на април, се преземаат мерки за справување
![]()
Пикот на кризата со ширњето на коронавирусот се очекува за еден месец од сега околу 15-20 април, а пикот на економските штетни последици ќе почне да се чувствува уште на почетокот на април, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Затоа, потенцира тој, Владата излезе со прв сет мерки, планира и дополнителни согласно развојот на ситуацијата, а побара и воведување вонредна состојба за тие мерки да можат да се спроведат.
– Пикот на кризата со коронавирусот го очекуваме на 15-20 април и нормално по тоа следува период на лечење кога се очекува да паѓа трендот на заболени, дај боже да ги нема што би значело дека успешно се спрвауваме во тој дел. Светот дури гледа тој пик на ширењето да го ублажи за да може сите ресурси да бидат рамномерно рапоредени, рече Заев на денешната прес-конференција.
„Економски пик“, како што потенцира, се очекува уште на почетокот на април.
– Тој ќе се случи и ќе расте и поледиците ќе бидат големи. Тоа треба да го знаат граѓаните. Не ми е лесно да го соопштам тоа, но тие треба да знаат каква е состојбата. Ова се случува и во многу поразивените економии, рече лидерот на СДСМ.
Оваа економска криза, смета Заев, е специфична криза предизвикана од здравствена криза која ќе предизвика економски последици и бара поинакво справување од економската криза во 2008 година. За да се справиме со неа, рече тој, Владата донесе сет мерки, кои веќе се објавени, а ќе се развиваат и нови согласно потребите и развојот на кризата.
– Како што прави светот, правиме и ние. Допрва државата ќе развива економски мерки. Буџетот е ликвиден, државата е стабилна и растоварена од големи долгови и подготвена е да се справи со оваа многу тешка криза. Сите мора да бидеме солидарни, најмногу државата, буџетот, институциите и потоа сите. Ќе трпиме сите и колку порамномерно се распроделува толку полесно ќе се поднесе кризата, рече Заев.
За ова, потенцира лидерот на СДСМ, ќе придонесе и воведувањето вонредна состојба, која ќе овозможи да се алоцираат средства од една во друга ставка, да се носат уредби со сила на закон, но и како што рече, и за да се побараат навреме евтини кредити кои ќе помогнат во справувањето со кризата.
Ново на Сител
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
