Владата со препораки за превозниците кои патуваат во странство

Владата на вчерашната седница донесе неколку препораки за превозниците кои патуваат во средно и високо ризичини земји.
На лицата кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на Ковид 19, а кои управуваат тешки товарни моторни возила за превоз на прехранбени производи и друга стока, за време на нивниот транзитен превоз и престој, утовар или растовар на стока во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат следните мерки за лична и колективна заштита:
1.Им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет.
2.Се забранува контакт со други лица
3.До колку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства и тоа:
-ракавици за еднократна употреба
-заштитни маски N 95 или FFP 3 за единечен филтер
-нема потреба од носење на заштитни мантили, како и заштитни наочари и капуљачи
Заради можноста од остварување на директен респираторен контакт со заболени лица на Ковид 19 во мотелите , хотелите и рестораните се препорачува – да спијат во кабините на своите моторни возила.
При враќање во РМ да стапат во контакт со надлежна епидемиолошка служба Центар за јавно здравје заради добивање на натамошни инструкции за мерки и постапки до колку пројават симптоматологија.
За време на патувањето
-После секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е дезинфекција на рацете.
-Максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10 – 15 секунди (особено со лица со симптоми)
-Почетсто проветрување на кабината за време на возењето
-При престојот во кабина нема потреба од носење на лична заштитна опрема
-Забрането е примање на слепи патници
-Задолжително обезбедедно средства за дезинфекција на раце на база на алкохол за време на патувањето.
Се задолжува Здружението на лиценцирани авто превозници да изготви свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризичини земји.
Ново на Сител
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
