Во Турција регистрирани уште 12 случаи на коронавирус, сега се вкупно 18 заразени
Во Турција во последните 24 часа се регистрирани уште 12 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени во земјата се зголеми на 18 лица, јавијаја британските медиуми, повикувајќи се на изјавата на министерот за здравство Фахретин Коџа.
Министерот Коџа изјави дека два од новите случаи се луѓе кои имале контакт со првиот заразен, а другите се граѓани кои биле во посета на Европа и САД.
Анкара веќе воведе мноштво мерки против ширењето на епидемијата, како што се затворање на училиштата и универзитетите, оддржување спортски настани без публика и откажување на летовите од многу држави.
Освен тоа, многу муслимани, кои се враќаат од светите градови во Саудиска Арабија од претходно веќе се ставени под карантин, а Министерството за внатрешни работи соопшти дека баровите и ноќните клубови од денеска се затвораат за да се спречи ширењето на Ковид-19.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци