Филипче: Седум нови пациенти од кои две бремени жени се тестираат за корона вирус

Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека кај уште седумина граѓани се проверува дали се заболени од корона вирус.
- Овие граѓани се од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив престојувале во Швајцарија, Австрија и Германија. Тоа се пациентите од Штип, Куманово и Кичево. После неколку дена од враќањето развиле висока температура, и сега се во одделите за изолација и во текот на денот ќе бидат готови резултатите. Понатаму, од Охрид еден пациент и две родилки, кои вчера се донесени од Дебар. Едната е донесена во болницата во Охрид, а другата е во Скопје. Тие се во стабилна состојба, рече Филипче.
Министерот истакна дека досегашните 18 пациенти кај кој беше потврден корона вирусот се во добра здравствена состојба, меѓу кои и 15-годишното момче. Сепак, како што рече министерот, не може да се предвиди состојбата на жената од Дебар, која е ставена на респиратор.
Ново на Сител
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
