Премиерот Спасовски им врачи плакета на авторите на „Медена земја“: Благодарам што нé направивте горди со освоените награди и номинациите

Претседателот на Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски денеска имаше средба со авторите на филмот ,,Медена земја”, документарецот кој од премиерата на филмскиот фестивал „Санденс“ на 28 јануари 2019 година, освои десетина други највисоки филмски награди во светот и беше номиниран на 92-та церемонија на Оскарите во две категории: за најдобар интернационален филм и за најдобар документарен филм.
Поздравувајќи ги режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и кинематографот Самир Љума, премиерот Спасовски уште еднаш им честиташе на филмските работници за значајниот успех, и заедно со своите колеги од Владата во опуштена атмосфера им ја искажаа огромната благодарност, за гордоста која ја приредија на сите граѓани на нашата држава со создавањето на документарниот филм „Медена земја“.
„Ви благодарам што нé направивте горди со освоените награди и номинациите. Вашите успеси се големи и ние како Влада донесовме повеќе заклучоци во однос на изразување признание за успесите и нивната реализација“, рече премиерот Спасовски, кој беше придружуван од министерот за култура Хусни Исмаили, Националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, советничката за култура Цветанка Ласкова и Бранко Петровски од Агенцијата за филм.

Присутните истакнаа дека со одлуките на Владата, меѓу кои преку Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се организираат серија едукативни настани, како и задолжувањата преку Министерството за култура и Министерството за образование и наука ќе се организираат емитувања на филмот „Медена земја“ за сите средни училишта и универзитети во земјата имаат единствена цел, понатаму се афирмираат и пренесуваат благородните пораки на документарниот филм, кој е посветен на приближувањето на еколошките теми, љубовта кон природата, но и односот и почитувањата на семејните врски.
Екипата на „Медена земја“, изрази задоволство од интересот и одлуките на Владата изнесувајќи ги своите ставови во однос на подобрување на условите на филмската кинематографија во нашата земја, давајќи предлози за поуспешно претставување на нашите филмови и фестивали на меѓународната сцена. Тие споменаа дека дел од успехот е и на кинематографот Фејми Даут, кој заради службени обврски беше отсутен.
Премиерот Спасовски на членовите на тимот им додели плакета како знак за признание за историскиот успех, а тие нему му пренесоа поздрави и тегла мед од производството на пчеларката Хатиџе Муратова еден од главните ликови на документарецот „Медена земја“.
Ново на Сител
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
-

Јута прогласи вонредна состојба поради шумските пожари и воведе ограничувања за огномети | ВИДЕО
-

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
-

СП 2026: Белгија го победи Нов Зеланд и се пласираше во плејофот како победник во групата
-

СП2026: Франција ја освои групата, Сенегал остана во игра за нокаут фазата
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
-

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот
