Град Скопје бара да ја преземе сопственоста и одржувањето на дел од спомениците од „Скопје 2014“

Град Скопје поднел барање до Општина Центар за преземање на одржувањето и на сопственоста на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“. Имајќи предвид дека станува збор за предизборен период, Советите ќе треба да донесат одлуки што ќе овозможат тоа законски да се реализира.
– Од страна на Град Скопје поднесено е барање до Општина Центар бидејќи ние имаме склучено Договор за одржување како Град, односно мојот претходник и претходникот на градоначалникот Саша Богдановиќ, склучиле Договор за одржување на спомениците и фонтаните, нешто што нашиот град го чини околу 500 илјади евра годишно, а можеби и повеќе, рече градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.
За мене како човек и како политичар, потенцира Шилегов, проектот „Скопје 2014“ е неприфатлив затоа што е ментална контаминација на скопјани, особено на младите генерации. Затоа што зборуваме за град што никогаш не бил ваков и нема ваква традиција како што некој вештачки се обиде да ја наметне.
– Побарав од Општина Центар да ја предаде, покрај одржувањето и сопственоста, за да можеме ние да влеземе потоа во дислокација на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“. Барањето е поднесено, ги испитуваме законските можности, имајќи предвид дека станува збор за предизборие, дали може Советите да донесат такви одлуки и прифаќање на таква обврска, рече Шилегов.
Градоначалникот додаде дека изборите ќе поминат за еден месец и тоа, како што рече, ќе го реализираме во секој случај.
Ново на Сител
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
-

Расте цената на нафтата на светските пазари, неизвесно дали ќе поскапат горивата во земјава
-

Тетовчанец под дејство на алкохол приведен откако со возило удрил три малолетници
-

Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди
