-->
-->
Земјоделците од Кумановско заинтересирани за мерките за поддршка на земјоделското производството
-->

Задоволителен е интересот на земјоделците од поширокиот кумановски регион кои се заинтересирани за мерката „Поддршка за поттикнување на земјоделското производство“, информираа денеска надлежните од подрачната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.
Досега, во работната единица подготвени се 12 апликации, некои се уште се во тек на изработка и одговорните очекуваат да се зголеми бројот на поднесени барање до крајниот рок кој истекува за шест дена.
–Интересот на земјоделците е доста голем, се распрашуваат телефонски. Има критериуми со бодирање и штом забележиме дека некој го исполнува минимумот, 60 поени, веднаш им препорачуваме да ја соберат потребната документација. Процедурите околу документација за апликација многу се скратени, поедноставени, олеснети, не само за оваа мерка туку за сите мерки за рурален развој и ИПАРД, изјави раководителот на подрачната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Џабир Рамадани.
Јавниот повик е отворен до 10 март, годинава, а барање можат да поднесат земјоделците до 40 години возраст.
-Практиката покажува дека секогаш последните денови се аплицира, вели Рамадани.
На јавниот повик кој што беше објавен на 10 февруари годинава, најголем број од земјоделците кои што аплицирале се пчелари, но интерес има за сите гранки од земјоделството. Финансиската поддршка годинава, е зголемена од 10.000 на 20.000 евра и наменета е за сите земјоделски стопанства, каде што носителот е до 40 – годишна возраст, а сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка во сите земјоделски гранки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД
-

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ
-

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами
-

Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?
-

Откажани преговорите меѓу САД и Иран во Швајцарија
-

Јавна расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри
-

ЕУ едногласно ја потврди поддршката за Украина и ги продолжи санкциите против Русија
-

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија
