Хрватска го поддржува европскиот пат на Тирана и Скопје

Хрватска го поддржува европскиот пат на Албанија и на Северна Македонија и сака самитот во Загреб да стане пресвртница во односите меѓу Унијата и Западен Балкан за време на нејзиното претседателство со Европската унија.
Ова го изјави хрватскиот министер за надворешни работи Горан Грлиќ Радман во Тирана.
Главната тема на нашите разговори е европскиот пат на Република Албанија, рече Радман Грлиќ во албанскиот главен град Тирана, по средбата со албанскиот колега Гент Цакај.
Денешната посета има за цел да ја покаже „поддршка на Хрватска за овој пат“, истакна тој, додавајќи дека Загреб е посветена на започнување преговори без одложување.
Хрватска сака преговорите со Албанија и Македонија да бидат отворени за време на нејзиното претседателство со ЕУ, а „важен придонес“ на Хрватска за оваа цел ќе биде самитот на Советот на ЕУ и земјите од Западен Балкан во Загреб на 6-7 мај, нагласува министерот.
Ново на Сител
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
