Македонија
29. February 2020 - 19:29

Заврши откупот на тутун

Заврши откупот на тутунот. Според законскиот рок денеска се затворија сите откупни пуктови во Македонија. Откупени биле околу 26.300.000 килограми, по просечна цена од 220 денари за килограм. Откупните компании исплатиле 94 милионии евра, а некаде во март државата треба да исплати уште

31 милион евра субвенции.

„Реколтата 2020 веќе се подготвува, веќе започнуваат да се прават и договорите. Оваа година нема да се собираат белите картони, туку самите тутунопроизводители со решенијата од подрачните единици, кои ги имаат со ИДБ бројот ќе можат да отидат и да прават нови договори“, истакна Трајан Димковски, министер за земјоделство.

Иако имаше проблеми со откупот на тутунот, особено во Долненскиот крај, каде тутунариите се жалеа на ниски цени од државниот земјоделски инспекторат велат дека се откупил целиот тутун, и за оној за кој имало договори, но и оној за кого тутунарите немале договори.

„Производителите беа последните 10 дена постојано повикувани од откупувачите, од Сојузот на тутунари, така што мисла дека се се откупи. Секој оној кој донесе тутун му беше откупено, не беше вратен“, рече Зоран Шапуриќ, директор на државен земјоделски инспекторат.

Во тек биле преговорите помеѓу откупувачите и тутунарите за цените за идната година. Од Сојузот на тутунари бараат зголемување на цените.

„300 денари да биде првата класа, 220 денари втората класа, 180 денари, третата класа ии 90 денари четвртата класа“, додаде Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на тутунари.

Најавено е дека ќе има и измена во правилникот за откуп на тутун, односно воведување само на 4 класи.